Витни Хјустон го изневерила сопругот со Тупак
Од она што досега се појави во медиумите, автобиографијата на сопругот на Витни Хјустон, Боби Браун, е полна со шокантни откритија.
Откако дознавме дека Витни имала лезбејска афера, сега во јавноста е исфрлен уште една шокантен податок.
Имено, Браун во медиумите често беше посочуван за неверства, но се чини дека ниту славната пејачка не му останала должна.
Така, Браун во книгата тврди дека Витни често му била неверна, а освен многубројните афери со продуцентите и музичарите со кој соработувала, особено ја истакнува нејзината врска со легендарниор рапер Тупак Шакур.
Иако, не се откриени други детали, се тврди дека ни Браун не се воздржувал, па во книгата се осврнува и на низа сексуални афери кои ги имал, меѓу другите и со Џенет Џексон и Мадона, но и на проблемите со дрогата и честите апсења кои денес, како што тврди тој, се позади него.
Во книгата тој ги демантира и сите оние написи на медииумите кои со години го обвинуваа дека славната пејачка ја навлекол на кокаин. Тој тврди дека Витни дрогата ја користела многу пред да го запознае.
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава