Македонија
22. December 2017 - 8:19

Вклучување на граѓанското општество за заштита на животната средина

Завршна конференција на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ ќе се одржи денеска во Скопје.
 
На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите и промените кои се постигнати, три годишните акциски планови за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина неколку општини.
 
Ќе биде претставена и неформалната мрежа за животна средина која е формирана во рамките на проектот, нејзината улога во вклучувањето на јавноста и можностите за приклучување на останатите конституенти во оваа мрежа.