Вкупно 538 случаи на голема кашлица до 2 мај, регистрирани првите од Крушево
Нови 22 случаи на голема кашлица се пријавени во државава од 26 април до 2 мај. Најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје - 15, па во рамките на епидемијата во Куманово - два, а пријавени се случаи и во Прилеп - два, Кичево - еден и првите два случаја од Крушево. Од новите 22 случаи, четири се хоспитализирани, наведуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен попладнево.
Заклучно со 2 мај, во државава се регистрирани вкупно 538 случаи на голема кашлица. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период - од 2019 до 2023 година, кога биле регистрирани вкупно 10 случаи.
Од заболените, хоспитализирани биле 77 лица, од кои 63 на возраст до четири години. Најголем број од случаите - 53 или 68,8 отсто, се хоспитализирани во УК за белодробни заболувања кај деца во Козле. Од вкупниот број на хоспитализирани лица, 70 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена.
Од 18 јануари до 30 април, дадени се вкупно 44.737 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.
Во текот на 18. недела од 2024 година - од 29 април до 5 мај, во земјава се евидентирани 52 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грипот. Заклучно со 18. недела во Република Северна Македонија, вакцинирани се вкупно 61.826 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.
Ново на Сител
-

Пезешкијан: Врз основа на какво злосторство Трамп ги оспорува нуклеарните права на Иран
-

Украина соопшти дека неутрализирала 203 од 236 дронови што Русија ги користела за напад во текот на ноќта
-

Гутереш го осуди нападот во кој беше убиен француски мировник на ОН во Либан
-

Украинската служба за безбедност го класифицира масовното убиство во Киев како „терористички напад“
-

Пожар кај Арбанашко, Старо Нагоричане изгореа сува трева, смрека и дабова шума
-

Дарио Ивановски второ место на маратонот во Белград
-

Мицкоски: Македонија меѓу трите европски држави со најобемни мерки против ценовните шокови, следи поевтинување на горивата
-

МВР: Лажни се дојавите за бомби во трговските центри Ист гејт и Дајмонд
