Македонија
11. August 2020 - 16:49

Влада: Автобусите ќе можат да превезуваат патници со 75 проценти од капацитетот

Како што соопшти владината прес-служба, на предлог на Комисијата за заразни болести, Владата ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50 отсто, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75 отсто од вкупниот капацитет на возилата.