-->
-->
Влада на РМ:Одбивањето на алатката за транспареност од претседателот Иванов е несериозен пристап
-->
Одбивањето на предлогот за користење на алатката за транспарентност и отчетност од страна на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов даден од Владата на Република Македонија претставува несериозен пристап и е на директна штета на демократските принципи за транспарентно и отчетно владеење и на интересот на граѓаните кои треба да знаат како и за кои цели се трошат нивните пари.Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски ја упати оваа иницијатива до институцијата Претседател на Република Македонија со цел да им се овозможи на граѓаните едноставен пристап до база на податоци кадешто ќе имаат увид во вкупните трошоци на избраните функционери и целите заради коишто се направени истите.
Согласно одлуката на Владата на Република Македонија трошоците на избраните функционери се објавуваат на секои шест месеци и во тек е прибирање на податоците за периодот од декември 2017 заклучно со мај 2018.
Заложбата на Владата на Република Македонија за целосна транспарентност, отчетност и одговорност на носителите на јавни функции ќе придонесе тие вистински да работат во служба на граѓаните и ќе помогне во справувањето со корупцијата и останатите неправилности во работењето на институциите.
Изразуваме жалење што Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов не ја разбира важноста на оваа иницијатива и не покажува разбирање за потребата на граѓаните од транспарентно и отчетно работење на државните институции вклучувајќи ја институцијата Претседател на Република Македонија.
Сектор за односи со јавноста Влада на Република Македонија
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонија го празнува 11 Октомври - 85 години од народното востание
-

Почнува примената на системот „Безбеден град“ во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
-

Трамп удри по CNN, NBC и други телевизиски гиганти, истрага поради бојкот на Белата куќа
-

Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Трамп: Путин сака мировен договор, а Зеленски – не
-

Најмалку 12 загинати и стотици повредени во нападот врз аеродромот во Ријад, осуда од САД и ОН
-

Товарен воз излета од шините кај Риека, 11 вагони завршија во провалија
-

Поменливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
