Влада: Новогодишната потрошувачка кошничка опфаќа над 700 производи

Новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени се проширува со нови прехранбени производи. На само една недела од применување на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе - Се грижиме“ новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени од најмалку 10 проценти се проширува и истата опфаќа над 700 прехранбени производи, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Владата, како што е посочено, носи мерки со кои граѓаните конечно го добиваат она кое го заслужуваат, пристојни услови за живот и вистинска грижа за нивните реални потреби.
- Согласно Законот за заштита на потрошувачите треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, значи од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10 проценти намалување на производите. Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго, велат од Владата.
Секој производ на рафтовите во маркетите, како што се посочува во соопштението, ќе биде соодветно означен, а листата ќе има можност да се проширува и во следниот период.
- Мерката ќе важи еден месец односно од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година.Воедно, ја поздравуваме одлуката на компаниите кои се приклучуваат кон кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе - Се грижиме“ и покажуваат општествена одговорност и ги повикуваме и останатите да се приклучат, се наведува во соопштението.
Владата, како што е посочено, е директно насочена кон подобрување на економската состојба на илјадници семејства и животниот стандард.
- Како Влада се обврзавме да ја промениме лошата реалност и го правиме токму тоа. Работиме посветено за граѓаните и носиме мерки кои се во интерес на народот, а имаат за цел обезбедување на подобар и поквалитетен живот. Ова е трета примена на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе- Се грижиме“, и истата ќе продолжи и во иднина. Ја враќаме надежта и градиме иднина за сите, велат од Владата.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
