Бизнис
8. April 2020 - 20:45

Влада: Секое отпуштање од работа не значи дека е поврзано со корона кризата

Од Владата соопштуваат дека е неблагодарно да се шпекулира со бројки за отпуштени работници како последица на кризата од КОВИД-19, бидејќи, како што потенцираатм, секое отпуштање од работа не значи дека е поврзано со корона кризата.

-Во Агенцијата за вработување секојдневно се случуваат одјави и пријави, но тие не може да ни го дадат точниот одговор, бидејќи некој кој што останал без работа денес во една фирма можеби после два дена ќе се вработи на друго место, и тоа не губење на работа, се наведува во соопштението за одлуките од денешната владина седница.