Македонија
4. August 2017 - 9:07

Владата именува членови на управни и надзорни одбори

Владата на Република Македонија на вчерашната 19. седница ги разгледа и ги усвои кадровските предлози и заклучи да именува членови на управни и надзорни одбори во установи, агенции и други органи што се во надлежност на владата.

- Комисијата за кадровски прашања во Владата, за секое лице поединечно, ја проверува содржината на поднесената документација за да се провери дали ги исполнуваат условите за именување и соодветно на фактите, Владата ќе ги објави одлуките во Службен весник на Република Македонија, соопшти владината прес-служба. 

На седницата Владата го разгледа ивештајот за работатата на Државниот завод за статистика и усвои одлука за изменување на одлуката за утврдување на националната номенклатура на индустриски производи заради тековно усогласување со европската номенклатура.

Извештајот за работата на АД Македонски железници и транспорт, како и за други активности на ова претпријатие, се одложени поради  отсуство на директорот на АД Македонски железници и транспорт.

Меѓу усвоените точки на дневниот ред е и Предлог-законот за ратификација на Спогодба за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија.

На вчерашната седница, како што соопшти владината прес-служб, е  донесена одлука со која се доделуваат стипендии на 50 странски државјани со потекло од Република Македонија, од земји во регионот за студирање на државните универзитети во Република Македонија, а исто така Владата на Република Македонија донесе одлука и за бесплатни курсеви по странски јазици за деца од семејства во социјален ризик.

- Заменик претседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, која претседаваше со вечерашната владина седница во нејзината завршница детално ги информираше членовите на владата за текот на Самитот на земјите на Јадранската повелба за кој рече дека е многу значаен, од причини што се отвора реална шанса за сериозно позиционирање на земјата во поддршката што ја добива за остварување на стратешките цели, членството во ЕУ и НАТО, соопшти Службата за информирање во Владата. 

На седница што се одржа доцна синоќа присуствувал и заменик директорот на Дирекцијата за спасување и заштита Шабан Салиу, кој ги информирал министрите за стостојбата со пожарите во областа на Македонски Брод и на други локации низ земјата.

- Во тој контекст Владата на Република Македонија изрази огромна благодарност до Република Бугарија, како и до Република Турција за испратената помош во справување со пожарите. Беше истакнато дека институциите се на терен сè до конечно гасење и локализирање на пожарите, а беа преземени и обврски да се истражат причините за појава на зачестените пожари на повеќе локации низ земјата, соопштуваат од Владата.