Бизнис
22. May 2020 - 20:43

Владата ќе ја зголеми зелената нафта за земјоделците

Власта се фали дека ќе даде повеќе пари за зелена нафта на земјоделците. Опозицијата тврди дека ова е поткуп пред избори и воопшто и не им треба на земјоделците.

Министерот најави дека наместо 30 земјоделците ќе добијат картички во висина од 50% од потребната нафта. За оваа цел во третиот пакет мерки предвидени се 4,5 милиони евра.

На земјоделците овие средства им се најпотребни сега, во овој период, за да бидат што поконкурентни, зашто и цената на нафтата изминатите два месеца забележа пад, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Картички за нафта ќе треба да подигнат околу 5.000 земјоделци, останатите веќе имаат од претходно и ќе треба само да им бидат надополнети.

Дополнителиот заменик минисер за земјоделство од ВМРО ДПМНЕ пак вели дека искуството покажало дека змејоделците не ја користат оваа мерка.

Зелената нафта беше предизборно ветување на СДСМ на изборите во 2016, а прв пат се примени лани.