Бизнис
14. January 2022 - 21:12

Владата тврди решение има, радијаторите наутро ќе бидат топли

Скопјани од утре нема да остаат без парно, а БЕГ успеа да ги задржи лиценците. По неколку дена неизвеснот, Владата и снабдувачите со топлинска енергија успеаа да постигнат договор за тоа како да се надмине проблемот со  греењето.  

Следната недела ќе се прогласи кризна состојба на пазарот со топлинска енергија. Додека трае, ЕСМ целосно ќе го превземе финансиското работење на БЕГ, но и Скопје Север, топланата која деновиве мака мачеше да ги стопли своите потрошувачи. 

Дополнително ќе се префрлат 6 милиони евра на сметките на овие компании за да се покрие трошокот за повиоки сметки за домаќинствата. Но, за тоа колку вкупно пари ќе бидат потребни да се надмине оваа криза од Владата не откриваат. 

Надлежните  уверуваат дека со овој план, до крајот на грејната сезона, нема да има проблеми со греењето.

Ресурсите со кои располагаше БЕГ се потрошени, па затоа додека да биде прогласена кризна состојба, ТЕТО ќе испорачува топлинска енергија до БЕГ и тоа со одложено плаќање.

И првиот човек на РКЕ потврди дека на снабдувачите со топлинска енергија нема да им се одземат лиценците. Проблемите на компаниите се појавија со зголемувањето на цената на гасот која тие не можат да ја издржат. Од РКЕ ги повикаа и општините и Градот Скопје да бидат солидарни во надминувањето на оваа криза.