Македонија
26. March 2024 - 16:52

Владина седница за четири години од членството во НАТО

Членството во НАТО ја направи Македонија фактор на стабилност на Балканот - На четиригодишнината од влезот во Алијансата македонската влада на свечена седница испрати порака дека членството значи огромна потврда за позицијата на меѓународен план, порача техничкиот премиер Џафери.

Од 2020-та Македонија стана еднаква со сите членки на НАТО, вели министерката за одбрана. Безбедноста е на прво место, но безбедноста и стабилноста гарантираат и инвестиции и подобра економска состојба во државата, рече Петровска.

А четиригодишнината од станувањето на членка на НАТО, се славеше и во клуб на пратеници, ама во одбрано друштво...четворица екс премиери, министри и партиски функционери од СДСМ славеа за храбрите и решителни одлуки кои ги направиле за Македонија да биде дел од Алијансата - Од преспански договор за промена на името, до француски предлог како услов за членство во европското семејство. За партискиот настан од кој објавија фотографии на социјалните мрежи, покани немало испратено до опозицијата.

Собранието пак подготвува Декларација за одбележување на четиригодишнината од зачленувањето на Македонија во НАТО.