Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
Власта ги поднесе интерпелациите за 5. члена на Судскиот совет избрани од Собранието. Клучна причина за да инциираат гласање за недоверба на овие функцинери е ниската доверба во судството, корупцијата во правсудните органи, критките од Европската Унија токму за работата на Советот, но и тоа што Собранието не даде позитивна оценка за Извештајот за сработеното на независното судско тело за 2023 година.
Денеска молк од опозициската СДСМ. Остануваат на вчерашниот став за работна група во Собранието која заеднички со конесензус ќе работи на правосудните реформи. На оваа реакција премиерот подава рака, но бара и разрешувањето да биде заедничко.
ОД ДУИ без официјален став за барањата на власта да се гласа за недоверба на членовите на Судски. Неофицијално се против бидејќи, како што велат, оценската мисија на Брисел за Судскиот совет не препорачала разрешување, па ваквиот чекор можело да ја загрози европската помош од 750 милиони евра.
Од Левица пак, со свој предлог - измени на Кривичниот законик за одговорност на судиите што ја злоупотребиле својата функција.
Интерпелациите на дневен ред можат да се најадат најрано за 20 дена. Изгласаната недоверба на функцинерот по автоматизам не значи и негово разрешување од функцијата, но тоа е доволно голем перитисок за самиот да ја отстапи фотелјата платена со буџетски пари. Се работи за 5 члена – Дамева, Црвенковска, Адеми, Чочарова-Илиевски и Мустафа кои се избрани од претходниот собраниски состав, на двајца од нив мандатот им истекува за неколку месеци.
Дополнително, во министерството за правда се подготвуваат законски измени со заострени критеруми за тоа кој може да стане член на Советот избран во парламентот, но и каква ќе биде одговорноста на сите членови во судското тело. Измените треба да бидат донесени до јуни.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар