Македонија
20. January 2020 - 16:40

Власта обвинува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го укине Преспанскиот договор, опозицијата тврди дека СДСМ признал пораз

ВМРО-ДПМНЕ планира да го укине Преспанскиот Договор, предупреди денеска лидерот на владејчката СДСМ. Тој повика опозицијата да престане со како што вели манипулативните и опасни тези кои според него го доведуваат во опасност членството во НАТО.

Заев денеска и официјално призна дека е свесен дека ќе ги загуби изборите, вратија од опозицијата. Од таму велат дека нема промени во нивниот став дека Договорот за промена на името е штетен за македонскиот идентитет. Од опозицијата му порачаа на Заев дека по поразот на изборите покрај политичка ќе мора да понесе и кривична одговорност.

Пред нешто повеќе од 1 година во тензична атмосфера во Собранието мнозинството предводено до СДСМ го смени уставното име на земјата иако претходно за тоа не обезбеди поддршка од граѓаните на референдум.