ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да го прифати нивниот предлог за ваучери за компјутери за студенти
ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Владата предводена од СДСМ од доаѓањето не донела ниту една мерка во корист на студентите и не остварила ни едно од многуте ветувања. Затоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ одлучиле да поднесат предлог-закон за вредносни бонови - ваучери за компјутери со цел да им се подобри животот на студентите.
Предлагаат ваучерите да бидат за редовни студенти од семејства во кои месечните приходи не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, односно 45.344 денари нето приход и кои првпат се запишани во трета и четврта година на студии на високообразовните установи во Република Македонија. Со предлогот на опозициската партија ваучери се предвидуваат и за студенти кои се лица со посебни потреби и студираат во Македонија.
Оливер Пап од ВМРО-ДПМНЕ денеска пред Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје го повика СДСМ да го прифати нивниот предлог.
- Време е владата на СДС да почне да се грижи за студентите, бидејќи за овој период видовме само кратење на буџети за изградба и модернизирање на студентските домови, за опремување на лабораториите кои се неопходни за усовршување на надоградување на нашето знаење, бидејќи ние сме иднината на оваа земја. Доколку СДС се грижи за потребите на студентите, апелираме да го прифатат овој предлог закон на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, изјави Оливер Пап.
Ново на Сител
-
Величковски од Народната банка: Приливите од странство ќе им бидат на располагање веднаш на граѓаните и на компаниите со влезот во СЕПА
-
Сиљановска-Давкова: Ромите се богат човечки потенцијал што мора да се впрегне во општествениот погон
-
Исчезнато повозрасно лице од Штип, институциите трагаат по него
-
Влада: Зголемени платите во здравството за 5 проценти, капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за 33 отсто, за стоматолозите за 23 проценти
-
Во Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова се одржа дебата за „Предизвиците со интеграцијата на Ромите низ призма на младите“
-
Кривична пријава против три лица од Струмица поради грабнување на 32-годишна жена
-
Најстудено на Попова Шапка -12 степени, над нулата само во Велес и Гевгелија
-
Агенцијата за храна на ОН предупреди дека намалувањето на финансирањето е „смртна казна“ за милиони