ВМРО-ДПМНЕ: Центарот за комуникации на СДСМ нека побара одговорност од Заев и Спасовски
Центарот за комуникации на СДСМ е во страшна небулоза.
Центарот за комуникации на СДСМ соопштението на погрешна адреса го упатува.
ВМРО-ДПМНЕ им предлага на Центарот за комуникации на СДСМ соопштението да си го упатат до Зоран Заев и Оливер Спасовски.
Центарот за комуникации на СДСМ нека побара одговорност од Заев и Спасовски.
Оливер Спасовски молчи, а Зоран Заев жали и ја префрла вината. Дадените 24 часа полека изминуваат, наместо да молчат нека го обезбедат бегалецот од правдата.
24 часа, Зоран Заев, Оливер Спасовски и останатите од Владата треба под итно да го обезбедат бегалецот од правдата.
Со бегството на Мијалков се докажа дека во Македонија владее криминална коалиција, која што ги руши основните вредности, која што го руши системот на владеење на правото, која што го уништува нормалното живеење во Македонија, која што влијае врз бизнисите и истите ги рекетира или ги презема.
Со Македонија владее крими – коалиција.
Одговорност од Заев и Спасовски веднаш!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Комисиска расправа во Собрание
-
Тема на денот со Константин Димитров, професор и експерт по енергетика
-
Реорганизација на министерствата ќе се носи по скратена постапка
-
Гаши се пишмани: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Критично со хируршките сали
-
Трошоците за живот и натаму растат
-
Загрижувачки пад на наталитетот
-
Странските универзитети поинтересни за идните студенти