ВМРО-ДПМНЕ: Дали фирми добитници на тендери гратис му градат зграда дивоградба на Шилегов?
Градоначалникот во заминување, Петре Шилегов, кој вообичаено е арогантен и гласен, сега кога е фатен во незаконско градење на семејната зграда молчи и бега.
Зошто пред семејната зграда дивоградба која интензивно се гради, нема табла на која ќе стојат имињата на фирмите изведувачи? Дали Шилегов ги крие затоа што нему му градат гратис, а тој им дава тендери од Градот и ги плаќа дебело со народни пари?
Зошто цели институции се ставени во погон за да се заташка овој скандал? Во неработен ден сабота биле менувани документи, а гледаме дека инспекторот за урбанизам абер нема да отиде на увид на местото на дивоградбата, нити да провери дали висината на објектот е согласно ДУП, нити дали има соодветна документација.
А сите на чело со Шилегов од петни жили се обидуваат да го заташкаат скандалот, ама не можат. Фатени се на дело, документирани и прашање на време е кога ќе понесат одговорност и Шилегов и пајташите кои пробуваат да го заштитат.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Личните карти со „Република Македонија“ ќе важат до датумот на истекување
-
ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина
-
Ајдари за поднесените интерпелации: Владата не успеа да го одржи мирот и да обезбеди меѓуетнички соживот
-
Серија апсења на интервентна полиција, пронајдена дрога
-
Повеќе од 10.000 објекти уништени во пожарите во областа на Лос Анџелес, штетите над 150 милијарди долари
-
Без вода дел од бул. „Јане Сандански“ поради дефект
-
Приведена битолчанка барана по потерница
-
Од Скопје до Париз нова линија со авиокомпанијата Изиџет