Македонија
20. February 2026 - 17:03

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не направија кворум за резолуцијата на ДУИ за УЧК

Пропадна обидот во македонското Собрание да се расправа за Резолуцијата на ДУИ за фер судење на припадниците на УЧК од Косово во Меѓународниот кривичен суд. На Комисијата за надворешни работи, поради отсуство на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се обезбеди потребниот кворум. Присутни беа само пратеници од Европскиот фронт на ДУИ, од Вреди и од Левица.

Сепак, дебата преку процедурални забелешки имаше.

Поддршка дадоа и од Вреди, иако не се потпишани на Резолуцијата. За ДУИ, тоа значело дека Вреди го жртвува Косово за коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Интегративците на ДУИ минатата недела во Собранието поднесоа Резолуција со која Македонија треба да побара фер меѓународно судење за Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красники и Рецеп Селими – сите од Косово – бидејќи, според нив, тие придонеле за стабилност и мир во целиот регион.