Македонија
18. February 2020 - 16:32

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со различни очекувања за реториката и постапките во предизборната кампања

На почетокот на идниот месец граѓаните ќе видат со кои кадри ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бара довербата на овие избори. Опозицискиот лидер вели се ќе се знае најдоцна до 10 март. Според него, на кандидатските листи ќе доминираат кадри кои прв пат влегуваат во трка за пратенички мандат, а партијата ќе комбинира и со искусни кандидати кои ќе го носат собраниското делување.
Неофицијално, партиски извори за сител велат дека дури и на ностиелските места може да се најдат лица кои не се дел од партиските структури или пак подолг период не биле активни во политиката.
Пред стартот на кампањата, опозицискиот лидер очекува бројни злоупотреби од власта но како што вели, тоа нема да биде пречка за неговата партија да ги добие изборите.
Во СДСМ обвинувањата на Мицкоски ги нарекоа очајни и најавија позитивна кампања.
Во СДСМ веќе најавија дека на кандидатските листи ќе имаат многу непартиски кадри, а половина од кандидатите ќе бидат жени.
Во ДУИ дури сега почнува процесот на сондажа на јавното мислење по што партијата ќе го соопшти составот со кој ќе истрча на изборите.
Алијансата пак најавува врвни професионалци со докажан интегритет кои како што велат ќе им донесат победа на изборите.
Согласно Законот, сите анализи партиите мора да ги завршат пред 12 март кога истекува рокот за поднесување на кандидатските листи. Кампањата официјално ќе почне на 23 март а ќе трае до 10 април по што следи изборен молк, се до затворањето на гласачките кутии на 12 април, во 19 часот.