ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да истражат како семејната фирма на Груби со 4 години по ред загуба купила имот од пола милион евра
Нервозата кај Артан Груби станува се поочигледна после секој аргумент кој покажува дека неговие блиски луѓе трупаат енормно богатство во време кога сите граѓани осиромашуваат. Веќе не поминува неговата реторика и етикетирање. Фактите ги гледаат и Албанците и Македонците и сите останати. Артан Груби е прочитан како буквар.
Груби треба да одговори како туристичката агенција во сопственост на неговиот брат ЕТЦ Травел се секнала со луксузен имот на улица Македонија со површина од 127м2 со вредност од околу половина милион евра, кога истата таа фирма според податоците на Цендтралниот регистар 4 години по ред работела со загуби.
Како може ваква несолвентна фирма да земе толку голем кредит кога има пад на приходи од 73%?
Дали Артан Груби ја користел својата позиција во Владата да и овозможи повластици на семејната фирма? Како фирмата на Груби стекнува толкав луксузен имот во време кога илјадници други компании ставаа клуч на врата.
Дека Ковачевски со денови се крие и не смее да изусти ни збор, тоа е веќе очигледно. Затоа не го повикуваме него да го разреши Груби после овој скандал. Ги повикуваме ДКСК и ЈО да отворат случај за богатењето на семејството Груби, да го истражат овој имот но и другите скандали поврзани со заменикот на Ковачевски. Европските вредности подразбираат чесност и отчетност, но и владеење на правото. Еве им прилика на институциите да се покажат на дело.
Ново на Сител
-

Чествување на св. Кирил во Рим, државно-црковната делегација ја предводи претседателот на Собранието, Гаши
-

Без струја дел од корисниците во Ѓорче Петров
-

Сообраќајка ноќеска на скопска обиколница, камион преминал во спротивна лента, четири лица загинаа
-

Свеченост на УКИМ за 77 години од основањето и патрониот празник- 24 мај
-

Американските конгресмени повторно предлагаат трајно воведување на летното сметање на времето
-

Меморандум за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола
-

Трамп најави испраќање на уште 5.000 американски војници во Полска
-

Четири лица загинаа при руски напади со разорни касетни бомби во Доњецк
