Македонија
18. February 2020 - 16:32

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги оспорува Законите за обвинителство - СДСМ се убедени дека тие се завршена работа

Владејачката партија не стравува од поништување на Законите за јавно обвинителство и за совет на јавни обвинители. По најавите од опозицијата дека ќе ја оспорат процедура во која Собранието ги донесе овие законски решенија, од СДСМ велат дека за нив ова прашање е затворено.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак вели дека нивниот правен тим ги разгледува сите можности за поднесување претставки до надлежите институции. Мицкоски е убеден дека постојат бројни прекршувања и на собранискиот деловник и на Уставот. Одговорност најавува по 12 април.

Два дена власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за начинот на кој овие два закони беа изгласани од пратениците. Спикерот Џафери вчера призна дека направил грешка кога ги повикал пратениците да гласаат со бадентерово мнозинство за Законот за совет на јавни обвинители, додека за Законот за јавно обвинителство тврдеше дека имал обврска да го повтори гласањето по реакциите на пратениците кои првиот пат не успеале да се изјаснат.