Македонија
13. December 2019 - 19:00

ВМРО-ДПМНЕ: Менувањето на изборниот модел набрзина пред избори е преседан

Зоран Заев е исплашен од претстојниот изборен пораз затоа што знае дека тоа ќе значи крај на амнестијата на криминалот и отворање на сите коруптивни скандали на власта.

Затоа Заев се обидува на шверцерски начин, спротивно на препораките на ОДИХР, ги злоупотребува помалите коалициски партнери за да протурка измени во Изборниот Закон со кои што во 5 минути до 12 би го намалил изборниот пораз.

Дури и неговиот главен коалициски партнер не се согласува со измамите на Заев и предлага 6000 амандмани за да го вразуми дека ќе мора да ја прифати волјата на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека менувањето на изборен модел набрзина пред избори е преседан и надвор од сите правни пракси, каде за истото е потребно да се усогласиме со препораките од ОБСЕ.

Манипулирањето дека сега ВМРО-ДПМНЕ е виновен што Заев не може да исполни едно ветување со кое што ги лажеше граѓаните пред 2016 година е само уште една во низата измами.

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги повлече поднесените 600 амандмани. Наместо лицемерни изјави очекуваме Заев да им се извини на помалите коалициски партнери кои ги измами и да го повлече предлогот.

Кога не успеа достоинствено да владее, очекуваме барем достоинствено да се повлече после поразот што го очекува.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ