ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници започнаа со градба градинки, училишта, улици, спортски терени
По само еден месец, откако завршија локалните избори, граѓаните можат да ги видат промените и новиот пристап на работа од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.
Започнаа со реализација на голем дел од ветените над 14 илјади проекти во програмите за локалните избори.
Граѓаните се сведоци на секојдневните активности на градоначалниците се со цел подобрување на условите за живот.
За само еден месец се започна со изградба и реконструкција на десетици улици и булевари, водоводни и канализациони мрежи, како и други капитални проекти кои се од голема важност за граѓаните.
Грижата за животната средина и намалувањето на загадувањето е еден од приоритетите за ВМРО-ДПМНЕ. Во секоја општина се чистат големите депонии, се посадуваат голем број на садници и се зголемува шумскиот фонд, додека општина Аеродром започна со монтирање на фотоволтаици во основните училишта и дел од градинките.
Долгогодишниот проблем со кои се соочуваа граѓаните, легализација на нивните домови, започна системски да се решава. Доделени се илјадници нови решенија за легализација во повеќето општини, како Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Велес, Штип.
Во општина Битола при крај е изградба на трибината на фудбалскиот стадион „Под Тумбе кафе“, во општина Илинден во завршна фаза е новото основно училиште, додека во општина Аеродром се пушти во употреба целосно реконструиран спортски центар.
Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се во секојдневна комуникација со граѓаните, преку отворените денови во општините, како и преку средби во месните и урбаните заедници.
Народот ја даде довербата на последните локални избори за проекти и промени. Преку глава им е на граѓаните од лажни ветувања, неработење, криминал и корупција од Зоран Заев и СДСМ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Трамп: Поморската блокада во Ормуска Теснина останува до потпишување договор
-

Над 900 сомнителни случаи на ебола регистрирани во ДР Конго
-

Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“
-

Пад на интересот за студирање во Србија, најавено и зголемена школарина од идната студентска година
-

Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург
-

Голем пожар избувна вчера во Радовиш - гореле погони и машини во поранешен „Декортекс“
-

Рубио: САД ќе постигнат договор со Иран или ќе дејствуваат „на друг начин“
-

Денеска времето сончево и топло
