ВМРО-ДПМНЕ: Отворено се сомневаме дали Арсовска е деловно способна да го води градот
Арсовска и Тачела коалицијата прво народот го нарекоа багра, а сега измислува непостоечки работи и разговори кои не се случиле.
Отворено се сомневаме дали Арсовска е деловно способна да го води градот и институциите под нејзина ингеренција.
Данела Арсовска очигледно има потреба од поинаква помош. Зборува за работи и ситуации кои никогаш не се случиле во реалноста.
Сериозно сме загрижени за градоначалничката и ја повикуваме да достави документ со кој ќе се потврди деловната способност.
Освен со Ковачевски, и Стевчо Јакимовско, нема човек со кој не се скара. Нејзиното однесување е неурамнотежено, и станува кралица на лагата.
Не само што не се огради од изјавата на заменик градоначалникот Александар Трајановски, дека превозниците што протестираат се багра, со што ја прифати како своја. Туку вчера отиде и чекор понатаму и очигледно раскажуваше ситуации кои само таа може да ги види и никогаш не се случиле.
И додека зборува за некој имагинарен свет во реалноста градот го однесе во банкрот. Нема пари за превозниците, доцнат плати, претпријатијата се во долгови.
Таа е обичиен пиун за криминалните интереси на Ковачевски.
А додека градот тоне во банкрот Арсовска и луѓе околу неа се богатат.
Не знаеме дали Арсовска глуми лудило, или не но таа повеќе за градоначалник не е. Оставка веднаш.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Николоски: Преговорите за превозниците за Шенген зоната се во тек и ќе завршат во септември
-

Калин Ивановски со Тексас Универзитетот го освои Зимското првенство на САД
-

Николоски: Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика
-

Во ФЗОМ дијалог за зголемување на платите во здравство
-

Трамп е блиску до донесување одлука за започнување голема војна на Блискиот Исток, шансите се 90%
-

Поранешните лидери на ОВК се изјаснија за невини во завршните зборови пред судот во Хаг
-

Шест обиди за измами со лажни лекари, пет во Неготино и еден во Велес
-

Приведени шест возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол
