-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: Правната држава ќе биде вратена, а сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани
-->
Хунтата ги гази законите и ја зароби целата држава. Власта предводена од Зоран Заев ги стави во своја служба правосудните органи и преку нив врши политички прогон на неистомислениците, се наведува во соопштението на ВМРО- ДПМНЕ.
Судовите се под страшен притисок не судат врз база на аргументи туку по диктат на власта. По налог на хунтата на власт монтира случај за тероризам против македонски патриоти и луѓе кои дале и даваат свој придонес во општеството.
Судот неосновано става во притвор актери, режисери, уметници, лекари, пратеници и полицајци само затоа што си ја сакаат државата и не се согласуваат со политиките на власта и Зоран Заев.
Хунтата има за цел да ги заплаши и онеспособи сите кои размислуваат поинаку од власта за полесно да ги спроведе антидржавните политики. Република Македонија повеќе не е демократска држава, власта со секој еден чекор се гази Уставот и ја обезличува државата.
ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се газат законите и демократијата во Македонија. Правната држава ќе биде вратена, а сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани секој кој постапувал незаконски ќе одговара пред законите на државата.
ВМРО-ДПМНЕ бара:
1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.
ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните, се наведува во соопштението на ВМРО - ДПМНЕ.

Ново на Сител
-
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Пациент почина на Инфективна поради компликации од Западно-нилска треска
-
Македонија воздржана: Генералното собрание на ОН ја поддржа палестинската резолуција за ставање крај на израелската окупација
-
Три последователни земјотреси ја погодија Грција
-
Софија реагира и обвинува за „провокации и навреди“ од Скопје
-
До крајот на месецов јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието
-
Тајван ги зајакнува безбедносните врски со САД и сојузниците
-
Бурата „Борис“ предизвикува поплави и свлечишта во Италија