ВМРО-ДПМНЕ: СДС вети транспарентност, добивме масовна партизација
Владата на СДС спроведува и штити криминал преку одлуките за незаконски именувања на функционери, обвини денеска на прес-конференција Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ и посочи на именувањето на Спасе Глигоров, кој е член на Централниот одбор на партијата на чело на Агенцијата за државни службеници.

- Партиски војник на Зоран Заев ќе раководи со агенцијата која треба да биде синоним за професионалност. Под притисок на јавноста сега се обидуваат да се правдаат дека овој човек поднел оставка од позициите во партијата, но сепак останува фактот дека не е предложен затоа што е способен и професионалец, туку затоа што бил член на Централниот одбор. Ако се земе предвид најавата на Зоран Заев дека има намера да партизира се од чистачка до министер тогаш е јасно зошто верниот партиски војник Глигоров е именуван на оваа позиција, рече Александрова.
Таа посочи оти поминала цела недела, а Владата не го повлекла овој предлог, што е вели, целосно спротивно на законот имајќи го предвид членот, кој укажува дека најстрого се забранува првото лице на институцијата која раководи со државната администрација да биде член и на партиски орган.
Според неа, тоа ја покажува намерата на власта по секоја цена да го погази принципот на професионалноста во администрацијата и да го заменат со партизираност. Таа посочи и дека, дополнително сите останати именување на директори се направени без почитување на законската обврска да достават сертификат за познавање странски јазик, што укажува и дека се работи за некомпетентни кадри, а за дел од именуваните директори, додава, не е запазена обврската за адекватен јавен оглас.
- Република Македонија е единствената земја во Европа каде директорските места се бираат на најнетранспарентниот начин, без оглас, само по партиски клуч. Законите и процедурите не се испочитувани и преку назначувањето на директорите на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив, Управниот инспекторат кој е задолжен да ги штити процедурите кои СДС ги крши на големо, рече Александрова.
Според неа, одговорот која е целта на ова ја даде пратеникот од СДС кој кажа дека членската книшка на СДС е втора лична карта и дека законите за членовите на СДС не важат.
- СДС вети транспарентност, добивме масовна партизација. СДС вети законитост, добивме криминал. СДС ги излажа граѓаните и затоа ќе биде казнет. Владата на СДС ќе заработи кривични тужби поради незаконито работење и криминално именување на функционери, рече Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

ФБИ ја презеде истрагата за убиството на Алекс Прети, Министерството за правда на САД отвори федерален предмет
-

31 јануари - ден на свети Танасиј, голем борец за вистинското православи
-

Облачно со локален дожд, на планините снег
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
