ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев единствено ги бранат бугарските интереси
Со „реформите“ на Заев Македонија стана држава полоша за живот и од Сомалија.
Тешко на Македонија ако дојде време сега СДСМ и Заев да ги бранат националните интереси, кога продадоа се.
СДСМ и Зоран Заев единствено ги бранат бугарските интереси.
Зоран Заев чим зине, веднаш ќе излаже.
Заев ветуваше нови инвестиции во Македонија, економски бум. Но за овие неколку години не дојдоа ниту „Гугл“, ниту „Фејсбук“.
Со „успешните“ економски политики на Заев Македонија е во рецесија и има над 50.000 невработени граѓани. Поради „успешните“ реформи граѓаните во Република Македонија живеат дневно со едвај 130 денари.
Македонија со Заев е хибриден режим што е потврдено од Фридом хаус и меѓу најсиромашни држави на европскиот континент, според ЕУРОСТАТ.
Македонија е најнесреќна земја во светот потврдено од агенцијата Галуп.
Заев на голема врата ветуваше дека кога ќе дојде на власт и чистиот воздух ќе се врати во Македонија. Еве неколку години е на власт, но граѓаните дишат отров, а земјата се наоѓа меѓу најзагадените во светот.
Поради лагите на Заев, Македонија е меѓу првите држави во свет по смртност од КОВИД-19.
Заев ветуваше дека Македонија до крај на јануари ќе добие вакцини, но вакцини ги нема никаде, а уште пострашно е што нема ниту план за вакцинација против КОВИД-19.
Што се однесува за пописот каков е тој инклузивен попис за кој говори Заев во кој власта не прифати ниту еден амандман на опозицијата. Илузорно е да се верува дека една Германија, Шкотска и Ирска кои го одложија пописот поради корона кризата се помалку спремни од најнеспособната влада на Зоран Заев. Тоа
јасно говори дека Заев е подготвен за нов фалсификат кој нема да биде признаен од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев ветуваше дека кога ќе дојде на власт криминалот ќе го снема, но откако е премиер криминалот царува на секои чекор од државата.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на соопштението на СДСМ
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација