ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ направи хаос во здравството
СДСМ направи тотален хаос од здравствениот систем во Република Македонија. Со СДСМ здравството е урнисано, а нивното расипништво и неспособноста ги плаќаат граѓаните со своите животи.
Откако СДСМ е на власт, во здравството секојдневно се редат скандали, а Заев и Филипче наместо да го подобрат здравствениот систем почнаа да ги заплашуваат и уценуваат граѓаните на Република Македонија.
СДСМ бесрамно ја злоупотребува вакцинацијата во кампања за да ги плаши родителите во државата, убедувајќи ги дека само ако помине референдумот тие ќе имаат квалитетни вакцини. Со тоа СДСМ фрла сомнеж дека сегашните вакцини се со послаб квалитет и не се по стандарди.
Илјадници родители во земјава се исплашени и револтирани од неетичкото однесување на министерот Венко Филипче кој процесот на вакцинација го користи за да го оправда капитулантскиот договор со Грција.
Деца ги губат своите животи заради немање средства, а власта троши стотици илјади евра на цвеќе и кафе. Очигледно на СДСМ, Заев и Филипче не им се важни здравјето и животите на граѓаните, па загубата на животи како резултат на нивниот хаос во здравството стана секојдневие.
Картелот на власт се грижи само за ширење на своите бизниси и затоа поважни им се милионски крвави и скандалозни тендери наместо решавање на приоритетните работи во здравството.
СДСМ ги понижи и здравствените работници. Додека беа во опозиција ги лажеа дека за само 6 месеци ќе им ги покачат платите за 15%, а сега откако дојдоа на власт за повеќе од година дена им ветуваат минорни 5, со што го потценуваат нивниот труд и придонес во општеството.
Стотици апарати во клиниките остануваат неупотребливи само затоа што власта е неспособна да ги поправи, а нивната неспособност оди дотаму што не се способни ни да го исчистат ѓубрето по кликите па мораше граѓански активисти да го чистат.
На расипничкото водење на СДСМ со здравствениот систем мора да му дојде крај. Време е СДСМ да си замине за граѓаните и Македонија да добијат подобро здравство.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Трендафилов: Владата не е против зголемување на минималната плата, туку останатите два синдиката
-
Изградбата на втората фаза во Затвор Идризово се очекува да започне до крајот на годинава, најави Пандов
-
ЕУ воведува царини за САД
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Најмалку 113 загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската Република
-
Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против поранешниот претседател на Собранието
-
Николоски: Заеднички и одговорно ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници
-
Полицајци заедно со затвореник барале дрога во Штип, лажел дека бара часовник кој му го земал кучката Цеца | ВИДЕО