ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ покачи цени на струјата, бензините и трошоците за живот, а сега ќе дели ваучери за патување
Власта на Заев со лопата го краде буџетот, а потоа со лажичка ги манипулира граѓаните. Откако го осиромашија народот со покачување на цената на струјата минатата година и новата најава за ново покачување, откако најавија нова такса со која трајно ќе го покачат горивото за 4,13 денари по литар, сега бесрамно нудат ваучери за летување.
Патем, ваквата мерка минатата година не успеаја сите граѓани да ја искористат, затоа што се дават во сиромаштија и не можат да си дозволат ниту обичен одмор.
Поради неспособноста на власта на Заев, околу 600.000 лица живеат во сиромаштија, со едвај 2 евра дневно, 60.000 станаа нови невработени, а над 6.000 бизниси кои се најчесто семејни ставија клуч за само една година.
Дополнително, власта на Заев се луксузираше со народниот буџет и создаде нов долг од 2,4 милијарди евра, а притоа ништо не изгради, ниту пак го помогна стопанството и индустријата.
Затоа ваквите мерки за ваучери им се гол популизам со кој на краток рок купуваат социјален мир наместо да ги поддржат стопанството и индустријата, како главен двигател на економијата и стандардот на граѓаните.
СДСМ направи граѓани од прв и втор ред, свитата околу Заев се луксузира, додека граѓаните кои ги стави во втор ред и натаму ќе немаат пари за храна ниту да си ги платат сметки, а СДСМ се обидува да ги залаже со минимални ваучери кои нема да им решат ниту еден проблем.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите