ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прво го наполнија судството со нивни луѓе, а сега ќе чистат неподобни
Заев и Маричиќ го наполнија судството со нивни кадри, а сега се закануваат дека ќе чистат неподобни.
Заев и Маричиќ ветуваа независно судство, а 4 години гледаме како ги ставија судиите и обвинителите под нивна капа. Заев нарачува, Русковска извршува, а Кацарска пресудува. Тоа е системот кок функционира веќе 4 години.
Нема никаква одговорност за ниту еден член на власта.
Правосудните институции не реагираа на изјавата на Бојан Јовановски дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заев, органите немаат реакција ниту на аферата од 200 милиони евра на Еуростандард, 200 милионската афера со ШИК ЈЕЛАК, Леонардо, Сар Хемс и други, каде вмешани се врвот на власта.
Заев ќе го чисти судството за да може непречено да продолжи со криминалот како и до сега.
Заев сака да ги дисциплинира сите непослушници и неподобни за него.
Судиите ќе треба да бидат оценувани од лица како шефот на кабинет на Црвенковски, сопругата на директорот на Јавното комунално претпрјатие во Струмица и Весна Дамева која цела јавност ја гледаше на слики од штабови на СДСМ.
Заев не сака да спроведе реформи. Заев сака да го потчини судството.
Ново на Сител
-
Владата утре ќе се задолжи со 39 милиони евра на домашниот пазар
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја