Македонија
2. September 2017 - 10:43

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со потрошените 320 милиони евра можеше да изгради 1.000 полициски станици

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение наведува дека за изминатите три месци СДСМ од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии потроши над 320 милиони евра и оти со тие пари можеше да изгради нови 1000 полициски станици, како онаа во Јегуновце.

- Новата полициска станица која во време на ВМРО ДПМНЕ ја добија на користење полициските службеници и граѓаните на Јегуновце, чинеше околу 300 000 евра. Објектот беше изграден од темел и одговараше целосно на потребите на жителите, наведуваат во соопштението.

- Oткако дојде на власт СДС не исполни ниедно ветување, не спроведен ни еден проект a парите на граѓаните  исчезнaa.  Граѓаните имаат право да знаат каде се трошат нивните пари кои секојдневно се одлеваат од државната каса, стои во соопштението.