ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов цел мандат ништо не направи, затоа Скопје е на врвот на најзагадени градови

Шилегов и СДСМ цел мандат ништо не направија за загадениот воздух затоа Скопје е на врвот на најзагадени градови.
Смешни се обидите на Шилегов кој беше градоначалник до пред два месеци и не направи цел мандат ништо против загадувањето на воздухот сега да тврди дека некој друг е виновен.
Тоа што СДСМ не направи ништо за подобрување на квалитетот на воздухот е проблем против кој градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ќе се борат. Но пред се тоа е проблем за кој решение мора да изнајде државата во целост. Но владата е неспособна за тоа и затоа треба да си замине, зошто 5 години нема еден проект за подобрување на квалитетот на воздухот.
СДСМ нема да направи ништо против загадувањето. Владата е некомпетентна и не знае. Потребни се брзи предвремени избори и нова влада за реални промени и решавање на проблемите на граѓаните од корен.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Мицкоски објави специјално видео за независноста, Филипче тврди дека се слават успесите на СДСМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: Згрозени сме од политичката некултура
-

Трамп: Подготвени сме да го зголемиме економскиот притисок врз Иран
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 15 лица безобѕирно управување моторно возило
-

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско, приведени две лица
-

Маратонецот Ивановски единствен македонски атлетичар на ЕП во Бирмингем
-

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода
-

35 години независност на Македонија - објавено видео пред вечерашниот музичко-сценски спектакл во Охрид
