Македонија
13. November 2019 - 18:01

ВМРО-ДПМНЕ со комплетно нов тим ќе ја бара поддршката од граѓаните во април

Со комплетно нов тим ВМРО-ДПМНЕ ќе ја бара довербата од граѓаните на изборите закажани за 12 април. Опозицискиот лидер на денешната пред конференција потврди дека изборните листи ќе ги предводат нови кадри кои досега никогаш не биле носители

Како што неофицијално дознава Сител, покрај кадри од партијата, на изборните листи ќе се најдат и професори, уметници, спортисти и други луѓе кои не се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ но и даваат поддршка на партиската програма, а не се отфрла можноста некои од нив да бидат и носители.
Мицкоски вели дека неговата партија е комплетно подготвена за избори, а вчера, Извршниот комитет го избрал генералниот секретар Игор Јанушев за претседател на републичкиот изборен штаб.

И во мнозинството течат подготовките за избори. СДСМ има веќе екипиран републички изборен штаб кој ќе го води генералниот секретар Љупчо Николовски, а засилено се прават и сондажи за да се комплетираат изборните листи.
Во албанскиот политички блок извори од ДУИ се уште не ја отфрлаат можноста за одложување на изборите доколку пред нив не дојде членството во НАТО.