Македонија
30. March 2020 - 17:07

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки за спречување на последиците од корона вирусот во Скопје

Рестораните и кафулињата да не плаќаат закуп за терасите за оваа сезона, фирмите да бидат 2 години ослободени од фирмарина, данокот на имот за граѓаните да се намали на половина и итно да запрат привремените вработувања. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска со серија предлози на мерки за надминување на корона кризата.
Од опозициската партија и денеска порачуваат дека не е време за политички битки и дека е потребно час поскоро да почнат да се применуваат мерките.