Македонија
28. January 2020 - 14:58

ВМРО-ДПМНЕ со транспарент за Јанева го дочекаа Јовески

 
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со транспарент посветен на специјалната обвинителка Катица Јанева го дочекаа говорот на јавниот обвинител Љубомир Јовески на јавната расправа по повод новата верзија на законот за јавно обвинителство. 
 
-Г-н Јовески до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба (член 60, закон за ЈО). 
 
Седницата на кратко беше прекинета. 
 
Јовески пак во говорот рече дека предлогот на власта е добар и ги повикува пратениците да гласаат за него. 
 
 
Катерина Нешкова