ВМРО-ДПМНЕ: Танчерите Заев и Спасовски предизвикаа хаос во Куманово
Додека тие танцуваат со пандемијата, животите на илјадници кумановчани се загрозени. Илјадници стари и изнемоштени, хронично болни и семејства со мали деца беа оставени да се снаоѓаат со храна, намирници и лекови само заради тоа што танчерите решија да ги известат со задоцнување за воведувањето на тридневен полициски час.
Заев и Спасовски задлабочени во танцот , заборавија навреме да ги предупредат граѓаните да се подготват и го принудија цело Куманово во неколку часа да излезе на улица со што создадоа услови за масовно ширење на вирусот и ги доведоа во опасност животите на кумановчани.
Република Македонија нема време за импровизации. Потребна е одговорна економска политика веднаш. СДСМ не ја познава економската логика и ја турка државата кон бездна.
Десетици илјади работници ќе останат без плата поради квази мерките на Владата, кои имаат за цел да носат политички поени на Заев, ама не и помош на фирмите.
Наместо квази мерки. Владата треба веднаш да изврши пренамена на средствата од вториот пензиски столб. Дополнително банките да издадат благајнички записи за државни обврзници.
Потребна е брза реакција. Веднаш!
Економијата нема време за чекање.
Луѓето не се експериментални глувци. Незнаењето на СДСМ создава паника и несигурност кај граѓаните.
Аматеризмот не смее да продолжи. Доколку СДСМ не знае, тука сме да помогнеме.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра