ВМРО-ДПМНЕ: Три години по ред опаѓа бројот на вработени во индустријата
Економските политики на владата на СДСМ и ДУИ предизвикуваат економска катастрофа.
Три години по ред индексот на бројот на работници во индустријата се намалува и тоа почнувајќи од 2019-та година кога е намален за 1,6%, па во 2020 година кога е намален за 4,6%, па во 2021 година кога е намелен за 2,4%, се до почетокот на 2022 година кога е намален дополнително за 2,4%.
Ова покажува дека реалниот сектор, стопанството и индустријата се во слободен пад. Затоа Македонија има најнизок раст на БДП во споредба со сите земји во регионот во 2021 година.
Дополнителен поразителен параметар за тоа како ја завршивме 2021 години е нивото на странски директни инвестиции.
Приливот на странски директни инвестиции по глава на жител ја закова Македонија на дното во споредба со земјите од регионот. Албанија има 364 евра по жител СДИ, Србија има 560 евра по жител СДИ, Косово има 396 евра по жител СДИ, а Македонија ја заврши годината само со 251 евро по жител СДИ. Ова за жал е лош тренд кој ги следи сите години од власта на СДСМ и ДУИ. Македонија е убедливо најлошата земја по странски инвестиции во време на нивната власт.
Затоа македонската економија пропаѓа, а долгот галопирачки расте. Оваа неодговорна и недомаќинска власт го искачи долг на 61% од БДП или во пари ја надмина психолошката бариера од 7 милијарди евра и што е пострашно уште повеќе ќе расте.
Ново на Сител
-

Во вторник второ пријавување во јуни за упис во средните училишта, слободни над 11 000 места
-

Од денеска директна авиолинија Виена - Охрид
-

Почнува летото
-

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници
-

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
-

Иранската нафта ќе биде клучен тест за секој конечен мировен договор со САД
-

Вонредна состојба во Лос Анџелес поради пожар во хала со смрзнати прехренбени производи
-

Бројот случаи на ебопа во ДР Конго достигна 956 инфицирани, 247 смртни случаи
