ВМРО-ДПМНЕ утре ќе презентира отчет за сработеното во 2006-2016

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ утре (20 март) во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го презентира досега најобемниот отчет за реализираното во изминатите речиси десет години.
- Овој отчет содржи над 3500 реализирани проекти, мерки и реформи во интерес на граѓаните. Отчетот ќе биде своевиден осврт на работата и делата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до денес, при што ќе се стави акцент на сработеното во кризниот период од 2014 до 2016, како и поголемите и позначајните проекти од претходниот период, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, да се даде отчет е обврска која со задоволство се извршува зашто, наведува во известувањето, постојат дела кои се создавани со макотрпна работа.
- Отчетноста за сработеното е еден од основните темели на овој концепт и тоа граѓаните на Република Македонија знаат да го препознаат и наградат. Благодарение на отчетната, транспарентна и одговорна работа во изминатите 10 години, ВМРО-ДПМНЕ успева да ја порази деструктивната политика промовирана од СДСМ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Вардар со реми против Мелсунген се прости од Лигата на шампиони
-

Најсвежо утрово на Попова Шапка
-

Болсонаро избега во САД па се прогласи за „лидер на Бразил“
-

Светски ден на мозочниот удар - раното препознавање спасува животи
-

Естонија: Робот за достава предизвика сообраќајна несреќа со автобус и побегна од местото на настанот
-

Судири меѓу демонстранти и полиција во Шпанија по смртоносна железничка несреќа
-

Вучиќ бил подготвен да употреби сила за да ја задржи власта - телефонски повици го натерале да се повлече
-

Облачно со услови за утринска магла
