ВМРО-ДПМНЕ: Виенскиот институт за економски студии потврди дека нема подобрување на економските проекции
И Виенскиот институт за економски студии ги скрши розевите очила на Заев – 4 квартал нема раст, дефицитот е зголемен, а капитални инвестиции нема.
Виенскиот институт за меѓународни економски студии утврдува дека Македонија е една од трите земји во Централна и Источна Европа кај која нема подобрување на економските проекции, односно земјата тоне.
Во анализата се посочува дека економијата не може да започне да се опоравува од пандемијата. Според истата БДП во првиот квартал од 2021 година падна за 1,9% – што е четврти последователен квартал со пад.
Македонија е во рецесија, а со политики на Заев, излезот е се потежок. А заздравувањето на економијата не е ниту на повидок.
Извештајот на Виенскиот институт нотира дека власта троши повеќе отколку што има. Според истиотw буџетскиот дефицит во првиот квартал завршил на 4% од БДП. А се нотира и слабата реализација на капиталните расходи, која паднала за 34%w под планот.
Извештајот на Виенскиот институт е уште еден црвен картон за владата која не работи ништо, и се занимава само со криминал.
Време е за сериозни политики и одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Најмалку три лица загинаа во поплавите во јужна Франција, илјадници домаќинства без струја
-

Почнува амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот
-

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија
-

Киев повторно цел на ракетен напад, Трамп тврди дека мирот е близу
-

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне и во текот на ноќта
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
