ВМРО-ДПМНЕ: Власта има приоритет да ги полни џебовите на паразитите во време на криза

Власта има приоритет да ги полни џебовите на паразитите во време на криза, наместо да ги помага граѓаните
Аферата „Паразити“ секој нов ден покажува нов аздислак на власта на СДС и ДУИ во време на криза. Додека од народот бараат да стега ремен, да се тушира со поладна вода, да готви во мали тенџериња, тие немаат абер да ги скратат баснословните хонорари и плати на функционерите кои ги именуваат.
Еден од најкарактеристичните примери за паразитирање на грбот на граѓаните е Љубе Бошковски кој зема 50 илјади евра за мандат, а никој не знае ни што работи ни што придонесува за тие пари.
Фестим Халили, пак, од позиција директор на ФИТР зема 1.000 евра месечно и скоро 50 илјади за мандат, за нешто за кое граѓаните немаат апсолутно никаква корист.
Уште еден пример за неразумна плата е и Миѓен Селмани член на Управен одбор и директор во М-НАВ кој зема 3000 евра месечно или 144 илјади за мандат.
Сите овие, но и десетината други кои ги обелоденивме ја чинат Македонија околу 2 милиони и 250 илјади евра за еден мандат. Овие средства доколку се скратат од ставката „паразитирање“ и се потрошат наменски сега во време на криза ќе има повеќе пари за лекови, за студентски оброк, за поддршка на земјоделците или за изградба на некое училиште, градинка или амбуланта.
Но власта на СДС и ДУИ во оваа криза имаат други приоритети, различни од тие на народот. На власта приоритет им се непродуктивните трошења, криминалот и полнењето на функционерските џебови.
Денес скандалот „Паразити“ продолжува со нови имиња и нови непродуктивни трошења во време на криза.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

НАСА: Срушен е рекордот - човек отпатува најдалеку од Земјата досега
-

Трамп: Иран може да биде уништен преку ноќ
-

Кривична за Струшкиот градоначалник, именувал директор без соодветно образование и непознавање на англиски јазик
-

Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија
-

МП: Протестот е темелно демократско право, но загрижува улогата на одредена опозициска партија и обидот за манипулација
-

Кривична за поранешниот градоначалник на Кичево, Дехари - го оштетил буџетот за 1,6 милиони евра
-

24-годишник со „ауди“ возел со 212 км на час на автопатот Скопје-Штип
-

Владата работи со сите стекхолдери за конечна верзија на законот за заштита од пушење, вели Мицкоски
