ВМРО-ДПМНЕ: За политички потреби се занемарува бројот на починати и заразени
Заради политички потреби на Заев, Филипче го занемарува високиот број починати и заразени, а пред еден месец со истиот црн биланс ја затвори Македонија четири дена
Коронавирусот коси во Македонија, а министерот Филипче и владата се однесуваат неодговорно.
Нема стратегија за кризата во која западна цела држава. Да ја имаше при бројките коишто секој ден излегуваат за новозаболени и смртни случаи, министерот за здравство и владата немаше да се борат како да му ја спасат кариерата на Зоран Заев, со брзи избори, туку разумно ќе ги преиспитаа одлуките коишто ги носат на штета на здравјето на граѓаните.
Власта живее во лажна нормалност, во која уништувањето на животите на луѓето, беспарицата, здравјето на граѓаните и иднината се без значење кога станува збор за интересите на Заеви и фамилијата.
Македонија во последните 19 дена има 456 новозаболени и 28 смртни случаи. По бројот на починати 122 лица, ние сме држава со рекордна смртност и заболени во регионот.
Власта продолжува да ја уништува иднината и го доведува здравјето на луѓето во опасност.
Катастрофата во која е Македонија се вика СДСМ. додека граѓаните се борат за живот и се трудат да обезбедат егзистенција за своите семејства, власта троши и се луксузира со купување шампански вина.
ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите кога и истите да се одржат, но не на штета на здравјето на луѓето. чуму се пратеничките места кога народот се бори за живот.
Животот во Македонија ќе се врати кога оваа неспособна влада ќе си замине. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228