ВМРО-ДПМНЕ: Заев е вистински „монструм“ кој свесно ја злоупотреби трагедијата кај Смилковско езеро за сопствени политички поени
Зоран Заев е вистински „монструм“ кој свесно ја злоупотреби трагедијата кај Смилковско езеро за сопствени политички поени. Зоран Заев без тронка срам злоупотреби еден трагичен случај.
Лажејќи ги семејствата на убиените деца, манипулирајќи со чувствата на граѓаните на Македонија, се со цел да предизвика меѓуверска омраза искористувајќи го овој случај за свои политички цели.
Каде исчезнаа лажните вести на Заев, дека невини лица лежат во затвор, каде исчезнаа така наречените бомби кои ќе ја открија вистинската приказна на Зоран Заев.
После скоро 6 години од бруталните лаги од страна на „монструмот“ Заев вистината испадна на виделина. Таа е иста како претходно, сторителите на овој грозоморен чин се пред лицето на правдата.
Зоран Заев е ноторен лажго, кој е спремен на се, се со цел да добие некој ситен политички поен, или да си ја спаси сопствената кожа од одговорност.
Во минатото ширеше лажни вести и за несреќата на Никола Младенов, како и за убиецот на Мартин Нешковски, кој патем го пушти да побегне од затвор.
„Монструмот“ Зоран Заев овие трагедии во минатото ги користеше во неговата партиска агенда, поигрувајќи си со чувствата на многу фамилии.
За сите овие лажни вести, ширење на меѓуверска нетрпеливост и играње со чувствата на многу Македонци, за многу брзо време Зоран Заев ќе се соочи со гневот на народот.
Ново на Сител
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година