ВМРО-ДПМНЕ: Заев го очекува дебакл во втор круг и тоа го знае
ВМРО-ДПМНЕ и народот го победи СДСМ на овие избори со над 55 илјади гласови разлика.
Откако неуспешно велеа дека се најдобри, денес СДСМ вели дека ќе донесат прогрес.
По 5 години власт нивниот прогрес е прогрес на криминалот, корупцијата, прогрес на инфлацијата и цените во маркетите, прогрес на трошоците за живот.
Прогрес на аферите и скандалите, на неказнетиот криминал, на неуспесите во здравството, КОВИД жртвите, експериментите во образованието. Прогрес на нивниот личен имот и лични удобства, за сметка на сиромаштијата кај народот. Нивниот прогрес е регрес за народот и земјата.
Со СДСМ може да има само прогрес на криминал, корупција и матни тендери.
Прогрес во изминативе 5 години со Заев видовме само во плантажите со марихуана на Заеви и ним блиските фирми. Прогрес имаме на криминалци фатени инфлагранти како вршат кривично дело и наместо во затвор завршуваат на слобода или во домашен притвор, како Рашковски, Чипсио, Ден Дончев.
Прогрес со СДСМ има во провизиите со вакцини.
Веќе никој не му верува ма Заев па, ниту неговите во партија. Заев изгуби и му се случи дебакл.
22 општини ширум Македонија уште во прв круг избраа промени.
Скопјани избраа промени, и Петре Шилегов изгуби од Данела Арсовска.
СДСМ изгуби со над 55.000 гласа од ВМРО-ДПМНЕ.
Заев го очекува дебакл во втор круг и тоа го знае. Народот јасно се определи за промени, проекти и победи. Народот избра нова иднина.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација