ВМРО-ДПМНЕ:Кривичниот суд повторно се стави во функција на неправдата
Кривичниот суд денес повторно се стави во функција на неправдата. Судот продолжи решенија за притвор на неаргументирани барања на ОЈО за случај кој е целосно фабрикуван.
Судот ја пропушти шансата да одлучува врз основа на законот и фактите. Судот покажа дека е само слеп извршител на нечии наредби.
Аргументите се на страната на неправедно притворените. ОЈО без аргументација и докази фабрикуваше случај и прогласи дека се терористи познати уметници, оперски пејачи, архитекти, режисери, глумци, доктори, пратеници, полициски службеници, мајки на малолетни дечиња.
Никаде во современиот демократски свет не е видено да се притвораат граѓани затоа што гласно говореле и не се согласувале со политиките на власта. Единствено во Република Македонија, судството функционира е целосно ставено во одбрана на партиски цели и политики. Правдата се злоупотребува. Едно важи за врвот на власта, сосема друго сите останати. Ова е притисок врз сите неистомисленици и обид за нивно заплашување и замолкнување. Ова е политичка пресметка во демократска држава со злоупотреба на државните ресурси.
Осомничените во фабрикуваниот случај за тероризам се соочуваат со притисок во секој дел од постапката. Власта првин се изживуваше со фабрикувани обвиненија, а потоа со насилно и незаконско приведување пред очите на семејствата. Следеше неоснованиот притвор, катастрофалните услови и малтретирањето во Истражниот затвор па се до фотографирањето и обидот јавно да бидат понижени притворените.
Власта ги гази нивните човекови права само за да сузбие секоја критичка мисла во иднина.
Во интерес на демократијата и правната држава, овој политички прогон мора да прекине. Правосудството мора да работи независно. Тоа е во интерес на демократијата и граѓаните на Република Македонија.
Република Македонија мора да продолжи како демократска држава, во која правото ќе важи за сите. Институциите не смеат да се злоупотребуваат против граѓаните, тие мора да бидат во нивна служба.
Ново на Сител
-

Осум повредени на протестите во Тирана, запалена општината и вратата на Министерството за животна средина
-

На протестите во Франција уапсени 135 луѓе, не се регистрирани сериозни инциденти
-

Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
-

Ноќеска часовниците ги враќаме еден час назад - почнува зимското сметање на времето
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
