ВМРО-НП: Ги поддржуваме мерките, но одлуката за полициски час од 16:00 има одредени слабости
ВМРО-Народна партија во принцип ги поддржува заложбите за порестриктивни мерки во борбата со корона вирусот – Ковид-19, но во исто време и го задржува правото да бидеме критични за што поуспешно справување и остварување на заедничката цел.
Сметаме дека одлуката за уште порестриктивен полициски час кој ќе почнува од 16:00 часот си има одредени слабости:
Прво, во контекст на борбата, скратувајќи го времето на граѓаните да можат да ги извршуваат своите елементарни обврски (банка, маректи, аптека) се создаваат поголеми метежи, а на тој начин се отвора поголема опасност од ширење на заразата.
Второ, економскиот, а воедно и општествениот живот во државата каде времето е многу нерационално избрано, така што за огромен број на работни луѓе ќе мора да се кратат смени и работното време, а да не зборуваме каков удар ќе биде тоа за земјоделците и сточарите чија работа воопшто не зависи од работно време.
За жал мораме да констатираме дека и покрај досегашните рестриктивни мерки, какви-такви, автобусите на јавните превозници но и халите на фабриките се преполни со луѓе и работници.
Затоа ВМРО-Народна партија смета дека почетокот на полицискиот час од 16:00 часот е многу рестриктивен период за кој не знаеме какви ефекти ќе донесе но дека сигурно ќе може да го наруши основниот економски ритам на животот.
ВМРО-Народна партија ја обновува својата идеја дека е подобро да запре функционирањето на целата држава во рок од две недели со работа, па ако треба истата мерка да се продолжи за една недела тотален карантин, со што сигурно би имало поголем ефект отколку сегашната рестриктивна мерка.
Ново на Сител
-
Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата
-
157 санкционирани возачи под дејство на алкохол
-
Фон дер Лајен најави една милијарда евра помош од ЕУ за Либан
-
Поранешниот лидер на Златна зора, осуден за водење криминална организација, ќе биде пуштен од затвор
-
Курти: Ги исполнивме сите барања на ЕУ за укинување на рестриктивните мерки
-
АСО: Неоправдано и без основа зголемувањето на цените на осигурувањето од задолжителна автомобилска одговорност
-
Почина таткото на Тоше, Никола Проески
-
Од утре до понеделник јавниот превоз во Скопје по неделен возен ред