Свет
4. April 2020 - 17:05

Во Африка од Ковид-19 починале повеќе од 300 луѓе

Бројот на заразени со коронавирусот во Африка достигна 7.741 од кои 313 лица починале, а 640 оздравеле, соопшти денеска Африканската унија.

Дури 50 од 54 земји во Африка се погодени од пандемијата.

Најголем број пациенти се регистрирани во Северна Африка, каде што 3.280 луѓе биле заразени со вирусот, а 217 починале. Индивидуално, во Алжир се пријавени 986 случаи на инфекцијата и 83 смртни случаи, 985 случаи и 66 смртни случаи во Египет, 791 случаи и 48 смртни случаи во Мароко.