Во Албанија првпат над 700 заразени во еден ден
Растечкиот тренд на заразени во Албанија продолжува, што потврдува бројката од 711 новозразени во последното деноноќие.
-Во изминатите 24 часа направени се 2.574 тестови, а опасниот вирус е дијагностициран кај 711 што е највисока бројка досега. Во исто време закрепнаа 412 додека починаа девет лица во болнички услови, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.
Според министертвото се зголемува и бројот на лицата на кои им неопходно болничко лекување. Моментно во трите ковид болници се хоспитализирани 420 лица.
Досега се направени 163.025 тестови, позитивни се 29.837, закрепале 14.216, починале 646, додека активни на болеста се 14.975 лица.
Албанскиот претседател Илир Мета, поради заестените случаи на заразени со опаснот врус и за жал губењето животи меѓу белите мантили, попладнево побара од Владата финансиски да го подржи здравствениот персонал во ковид болниците, регионалнте центри и семејните лекари за дополнителна обука.
„Зголемувањето на случаите на загуба на животи од редовите на белите мантили, ја прави оваа мерка неопходна. Веќе нема време за чекање, треба да се дејствува“, напиша Мета.
Од 30 јуни кога битката со опасниот вирус ја изгуби Арјан Пуши, познат хематолог, професор на Медицинскиот факултет во Тирана, до сега починати се повеќе од десет здравствени работници, од нив осум лекари. Сите со опасниот вирус се заразиле од контакт со пациенти.
Ново на Сител
-

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени
-

Ѓорѓиевски: Печатената грешка веќе е коригирана, а Скопје доби нов знак како што доликува.
-

Владата донесе одлука од денеска интервентно да обезбеди по 50.000 литри дневно бесплатна вода за пиење за граѓаните на Гостивар
-

Епидемиолозите прогласија епидемија во Гостивар
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
