Во Албанија расте бројот на заразени со Ковид-19
Нови 93 случаи, шестмина оздравени и четворица починати, е билансот од последното деноноќие за состојбата со Ковид-19 во Албанија.
– Од направените 420 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 93 од нив, што е највисока бројка од појавата на панедмијата на почетокот на март, од кога се направени 31.933 тестови. Вкупната бројка на заразени се зголеми на 3.371 лице, битката со опасниот непијател ја добија 1.881, ја изгубија 89, а активни на болеста се 1.401лице,се наведува во соопштението на албанското Министерство за здравство и социјална заштита.
Во Лабораторијата за вирологија при Интитутот за јавно здравје може да се прават до 500 тестови дневно, поради тоа, Министерството за здравство најави дека деновиве ќе почне со работа нова лабораторија со капацитет од над илјада тестови дневно.
Ново на Сител
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива