Во Атина нападната полициска станица со молотови коктели
Група од околу 10 маскирани лица утрово во два часот по полноќ нападнаа полициска станица со молотови коктели. Инцидентот се случи во населбата Пефки, северна Атина.
Во нападот што не траел повеќе од две минути, предизвикана е материјална штета, а нема повредени полицајци или граѓани. Две паркирани возила од кои едното полициско, изгореле, а интервенирала противпожарната служба за да го изгаси пожарот.
Молотовите коктели, кои според некои информации, биле направени со масло, за пожарот побрзо да се прошири, биле фрлени кон автомобилите, на влезот на полициската станица и пред гаражата со што е предизвикана материјална штета на објектот.
Со оглед на тоа дека нападот траел кусо, групата маскирани лица веднаш побегнала, а петмината полицајци, кои во тој момент биле во станицата не успеале ниту да ги фатат ниту пак да побараат засилување од нивните колеги.
Населбата во која што се случи нападот се наоѓа во еден од побезбедните делови на Атина.
Ново на Сител
-
Утрово почина долгогодишен шофер на возила во Итната помош Кочани
-
„Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот“, кажа осомничен за пожарот во Кочани
-
Полициска контрола влегла во ,,Пулс'' неколку минути пред трагичниот настан, неколку службеници се спасиле
-
Собранието ги одложува сите активности планирани за неделава
-
Бектеши сѐ уште во полициска станица
-
Тошковски: Пиротехниката во дискотеката „Пулс“ ја донел бендот „ДНК“
-
Извршена обдукција на 15-ина лица, 45 во критична состојба
-
Градоначалиникот на Кочани Љупчо Папазов поднесе оставка