Во автобуска несреќа во Мароко загинаа 24 лица

Патнички автобус се урна денеска во центарот на Мароко, при што загинаа 24 лица, објави државната новинска агенција МАП на северноафриканската земја.
Автобусот се превртел на кривина во централната провинција Азилал, соопштија локалните власти.
Автобусот превезувал неодреден број луѓе кои се упатувале кон неделниот пазар кога се случила несреќата, додаваат властите.
Причината за несреќата се уште не е јасна.
Властите соопштија дека истрагата за околностите на несреќата е во тек.
Сообраќајните несреќи се чести во Мароко. Во ноември минатата година, 11 лица загинаа, а 43 беа повредени кога автобус се преврте во близина на источниот марокански град Таза.
Сообраќајните несреќи годишно одземаат најмалку 3.200 животи во Мароко, според Националната агенција за безбедност на патиштата на земјата.
Ново на Сител
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
