Свет
10. May 2019 - 15:16

Во Бенин загинаа двајца француски војници спасувајќи заложници

Двајца француски војници денеска беа убиени за време на операцијата за спасување на четворица заложници во африканскиот регион Сахел, соопштија француските власти.

Во соопштението се додава дека заложниците, меѓу кои се Американка, државјанин на Јужна Кореја и двајца Французи, сега се на безбедно.

Двајца француски туристи беа киднапирани минатата недела за време на сафари во Бенин, а нивниот локален водич беше пронајден мртов.